Број на текстови објавени денес: 0

Претседателот на Венецуела ќе води радио емисија за салса

venecuela4

Николас Мадуро ги изненади своите сонародници со најавата дека секојдневно ќе води музичка радио прoграма за салса. ­ „Од 1 ноември почнува мојата програма за радиото „Мирафлорес“.„ Ве поканувам да слушате“, рекол венецуелскиот претседател и доообјаснил: „Тоа ќе биде музичко, културно и политичко предавање, ­ национално и интернационално. Ќе има од се по нешто“, рекол Мадуро.

Ваквата пракса на комуникација со народот ја започна неговиот претходник Хуго Чавез. Тој на сонародниците повеќе им се обраќаше преку неговата радио емисија „Ако президенте“, отколку на отворени собири. „Ало президенте“ беше дотогаш невидео шоу на еден шеф на држава. Тој беше водител, забавувач, носел гости, јавно ги соопштувал важните државнички одлуки и закони, директно му се обраќал на американскиот претседател и раскажувал вицови. Реториката на Чавез била забавна, политички некоректна и понекогаш под секое ниво на пристојност, бидејќи честопати своите противници ги нарекувал со зборовите „свиња“, „медиокритет“, или „слуга на капитализмот“.

Од новиот претседател Мадуро се очекува дека во музичкото шоу ќе го крене нивото на комуникација.