Број на текстови објавени денес: 18

Претепан тинејџер се бори за живот на КАРИЛ

kliniki1

Осумнаесетгодишно момче се бори за живот на КАРИЛ откако било претепано и најдено во бессознание во Старата скопска чаршија, во саботата вечерта.

К.С. (18) од Визбегово бил најден како лежи на улицата Битпазарска. Со возило на итна медициска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Според полицијата, К.С. бил физички нападнат од две лица на возраст од 14 години.