Број на текстови објавени денес: 65

Пресретнете ја настинката!

27122011104609-2-prehlada-v

Кои четири работи треба да ги направите ако почувствувате дека се разболувате

1. Земете цинк

На секои два часа, сè додека ги чувствувате симптомите, земете таблета цинк ацетат или цинк глуканат. Цинкот се нарекува некрунисан цар меѓу минералите. Успешно се бори против вирусите, бактериите и настинките.

2. Изедете пилешка супа

Топла пилешка супа ќе го закрепне вашиот организам ослабнат од симптомите на настинка. Ако во супата ставите уште и различен зеленчук, магдонос, лук, спанаќ и слично, ќе добиете хранлива „бомба“ која ги ги победува сите предизвикувачи на настинка и грип.

3. Земете витамин Ц

Штом ќе ги почувствувате првите симптоми земете витамин Ц и продолжете да го земате додека симптомите не поминат. Возрасна личност треба да зема во просек 1 грам витамин Ц дневно. Со витамин Ц ќе ве снабди и сокот од портокал, грејп, киви, пиперка и кељ.

4. Наспијте се

Во текот на спиењето имунолошкиот систем ослободува протеини кои се борат против инфекции. Освен тоа, колку што сте поодморни толку на телото му е полесно да им се спротивстави на вирусите и на воспаленијата. Притоа, пробајте да отспиете осум часа дневно. Доколку спиете само пет или шест часа, имате четири пати повеќе шанси дека ќе настинете отколку некој кој спие седум или повеќе часа.