Број на текстови објавени денес: 18

Препорачани туристички дестинации за 2017 година

canada1

За оние кои веќе сонуваат за следниот одмор, сајтот „Лонли планет“ донесува топ дестинации кои вреди да се посетат во наредната година, а не се нужно егзотични.

Според оваа туристичка компанија, објавената листа на топ места за 2017 година ја предводи Канада, по која следи Колумбија.
Најголема вредност има Непал, а можност за авантура може да донесе и патувањето во Северен Велс. Стручњаците кои годинава ја составувале листата сметаат дека Канада е најдобра земја за да се посети, благодарение на прекрасните предели, слабиот кандски долар и храната. Оваа земја наредната година го слави 150-от роденден, со голем број настани предвидени за прославата.

Колумбија е на второ место, благодарение на богатството од култура , природа и гостопримство. Стручњаците од „Лонли планет“ потсетуваат дека во земјата со децении имало граѓанска војна, што зад себе оставило и богата историја.

Во меѓувреме Финска го доби третото место со цела низа настани планирани за стогодишнината на земјата наредната година, вклучувајќи концерти на отворено, гурмански искуства и вечери во сауна. „Лонли планет“ препорачува и посета на познатиот локалитет Мачу Пикчу, пред изградбата на жичницата во археолошкиот парк Чоквеквирао