Број на текстови објавени денес: 0

Премиерата на краткометражниот игран филм „Отров“

%d0%be%d1%82

Премиерата на краткометражниот игран филм „Отров“ се одржа на 12 ноември во Кинотеката на Македонија.

Тоа е дел од обуката за филм и филмски актер, во организација и продукција на школата за уметност, „Џолев и уметностите“. Од програмата „Обука за филм и филмски актер“, во изминатите години произлегоа два кратки играни филмови: „Аларм“ во режија на Теа Беговска, и „Поздрав од Скопје“, во режија на Ана Јакимска, додека „Отров“ е прв краток игран филм под менторство на режисерот и сценарист Дејан Џолев.

Премиерата ја најави Бобан Петковски, еден од актерите во филмот, кој преку кратка изведба ја пренесе главната порака за промена на образовниот систем.

– Таму каде што повторувањето е маќеа на знаењето. Таму каде што знаењето имитира постоење. Таму каде што постоењето е само физички доволно. Ова е филм за моето и твоето школо – вели Дејан Џолев, автор на филмот.

Покрај премиерата на филмот „Отров“, публиката имаше можност да погледне и неколку кратки филмски етиди од часовите по „Актерска игра пред камера“ и „Континуитет, реквизит и игра за партнер“, кои актерите ги реализираа во текот на обуката во школата за уметност „Џолев и уметностите“.