Број на текстови објавени денес: 0

Прв пат во Копенхаген: Повеќе велосипеди отколку автомобили по улиците

copenhagen

Во сообраќајот во Копенхаген за прв пат е регистриран поголем број на велосипеди отколку автомобили.

Во главниот град на Данска сега има 265.700 велосипедисти, наспроти 252.600 возачи на моторни возила. Големиот број на велосопедисти по улиците се должи и на инфраструктурата – велосипедски автопати (не патеки), посебни паркизни, семафори и слично.

Данокот на автомобили за жителите на Копенхаген изнесува 180 отсто, а секој четврти жител поседува моторно превозно средство.


ФОТО: Colville-Andersen