Број на текстови објавени денес: 0

Првата жена која ќе ја посети секоја држава во светот!

kasandra-f5

Касандра де Пекол ќе стане првата жена која ги пропатувала сите 196 земји во светот, што е мошне импресивно, бидејќи таа има само 27 години. Од јули 2015 година, Касандра посетила 181 држава, а доколку успее да посети уште 15 земји во наредните 40 дена, ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност која за најкраток рок ги посетила сите суверени држави, со уште 11 дополнителни земји.

Нејзиното неверојатно патување го носи називот „Експедиција 196“, а Касандра патува како амбасадор на мирот во име на организацијата „International Institute for Peace Through Tourism“.