Број на текстови објавени денес: 86

Пратеничките листи на СДСМ ФОТО

%d0%b8%d0%b51

Поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е носител на пратеничката листа на опозицијата предводена во првата изборна единица. Три места, во првите 12, се обезбедени за коалициските партии. Добитни места имаат добиено Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, лидерот на младите Стефан Богоев, Тања Прентовиќ, Петар Атанасов, како и Павле Богоев од „шарените“ и Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.


Втората изборна едница ќе ја предводи министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски. Веднаш зад него се министерката за труд и социјала Фросина Ременски и Мухамед Зекири, Ферид Мухиќ, Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Весна Илиевска. За коалициските партнери се обезбедени две места во првите 12 позиции.

Во третата изборна единица носител е заменик-министерот за земјоделие, Љупчо Николовски. Коалициските партнери ќе имаат три места во првите 12, а меѓу позвучните имиња на првите добитни места се Благој Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Мира Стојчевска и Славица Митева.

На чело на четвртата изборна единица ќе се најде лидерот на партијата, Зоран Заев. Зад него се Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Кокан Јаневски, Кети Смилевска, Бетиан Китев и Сашко Поцков. За коалициските партии е резервирано едно добитно место.


Петтата изборна единица ќе ја предводи заменик-претседателката Радмила Шекеринска. Друштво ќе и прават Александар Кирацовски, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Ирена Стефковска, Јован Митрески и Жаклина Лазаревска. Коалициските партнери имаат две места во првите 10.

 

Носител во шестата изборна единица ќе биде партискиот портпарол, Петре Шилегов. За пратенички места во оваа изборна единица ќе се борат и Ѓулумсер Касапи, Благојче Трпески, Даријан Сотировски, Катерина Тодороска и Медат Куртоски. Од првите десет места, едно е резервирано за Коалицијата со граѓаните и едно за коалициските партнери на СДСМ.

 


Овие имиња ќе бидат објавени денеска попладне на 21 Конгрес на СДСМ кој почнува во 14 часот во хотелот Алкесандар Палас во Скопје.

Од коалициските партнери, неофицијално, ЛДП и НСДП ќе добијат по две сигурни позиции, ДОМ на Лилјана Поповска едно место на листата за пратеници исто како и партиите на Ердоган Сарач и Фиат Цаноски.