Број на текстови објавени денес: 0

По 56 години работа и над 200 филмови: Џеки Чен конечно доби Оскар за животно дело

dzeki-cen-oskar-youtube-1479123367-1034837

Светски познатиот комичар и кунг-фу мајстор Џеки Чен конечно се закити со најпрестижната филмска награда. Мајсторот на боречки вештини конечно на свеченоста во саботатата ја доби таа престижна награда, почесен Оскар за придонес на филмската уметност.

– По 56 години работење, секоја скршена коска во телото и над 200 филмови конечно, ова е мое – рекол Џеки Чен покрај вообичаениот говор.

Филмската холивудска Академија им доделува Оскар за животно дело на оние актери за кои се проценува дека со својата работа ја задолжиле не само филмската индустрија, туку и целиот свет, а не успеале да дојдат до престижната награда по пат на регуларни номинации.

Обожавателите на филмовите на Џеки Чен воодушевено ја прифатија ова вест, што е своевиден преседан, бидејќи никогаш досега во историјата актер на акциони филмови не добил Оскар за своето долгогодишно работење.