Број на текстови објавени денес: 49

По 128 години откриена причината зошто Ван Гог си го отсекол увото

van-gog1

Причината поради која уметникот Винсент Ван Гог си го отсекол увото беше непознатa повеќе од еден век, поточно повеќе од 128 години. Според новото истражување, уметникот ова го направил откако дознал дека неговиот брат ќе се ожени.
Ван Гог со женидбата на брат му би останал без најверниот близок пријател и без финансиската поддршка поради романса. Ова истражување ја негира теоријата дека Ван Гог го земал жилетот и си го отсекол увото, бидејќи наводно бил вљубен во уметникот Пол Гоген.

Беше познато од претходно дека Ван Гог бил вознемирен од веста за венчавката на брат му која била закана за нивната блискост, а со оглед на тоа дека Тео по венчавката требало да го финансира своето семејство и сопругата не би можел да му дава пари на братот Ван Гог кој сè уште немал продадено ниту едно дело.

Мартин Бејли кој ја пишува новата книга „Студио на југот“ открил дека Ван Гог добил писмо од Тео на 23 декември 1888 година. Подоцна таа вечер се случила и кавга помеѓу него и Гоген, кој заминал заканувајќи се дека ќе се врати во Париз, но тоа не била причината поради која Ван Гог одлучил да си го отсече увото, туку веста за братот, верува Бејли.

Во писмото на Тео имало и 100 франци како и информација дека ја сретнал старата пријателка Џо Бонмгер која порано го одбила, но дека токму таа седмица се согласила да се омажи за него. Тео напишал и дека побарал дозвола од нивната мајка, како и од нејзиниот постар брат.

Ван Гог о ткако си го отсекол увото, го ставил во хартија и отишол во најомилениот бордел, па ѝ го дал на млада жена којашто од претходно ја знаел. Се претпоставува дека не станувало збор за проститутка туку за ќерката на локалниот фармер која во борделот работела како слугинка. Откако ѝ го дал увото, заминал, а таа повикала полиција откако видела што држи во рацете.

Гоген се вратил дома утрото на Божик и ја нашол полицијата, како и неговиот партнер како лежи во креветот полн со крв. Тео, кој се надевал дека празниците ќе ги помине со свршеницата, дошол во болницата, од која Ван Гог бил пуштен на 7 јануари. И покрај сè,продолжил да црта. Тогаш настанале неговите славни слики како „Спалната соба“. На неа е прикажан двоен кревет кој го купил кога го опремувал станот којшто го изнајмил во кој го дочекал Гоген.

– Перниците близнаци на сликата сугерираат дека тој и понатаму имал надеж дека еден ден ќе го дели својот кревет со жена – рекол Бејли.

Во 1890 година година овој кревет го пратил по воз во северен Париз каде ги направил своите последни трудови пред да се самоубие во јули. Тео починал наредната година, а неговата вдовица го наследила креветот и го користела во мала гостилница во Холандија. Креветот завршил кај некој од мештаните кои останале без својот дом во Втората светска војна. Се претпоставува дека креветот сè уште се чува, но дека е скриен од очите на јавноста.