Број на текстови објавени денес: 62

Почнува фестивалот КРИК

krik-filmski-festival

КРИК фестивалот за критичка култура почнува утре со првото мини издание на филмскиот фестивал за човекови права. Писателот Бојан Бабиќ ќе биде гостин на филмскиот фестивал, кој ќе трае до 03 декември.

Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, во рамки на проектот Проширено естетско образование реализиран во соработка со: Мултимедијални институт (Загреб), kuda.org (Нови Сад), Контрапункт (Скопје), Berliner Gazette (Берлин) и Културтрегер (Загреб), ве повикува да бидете дел од КРИК (критика – реакција – идеја – конфронтација) – фестивал за критичка култура. КРИК – фестивал за критичка култура е соработничка платформа помеѓу Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и Есперанца – светски културен центар. Оваа платформа е отворена за соработка со сите заинтересирани организации, неформални групи и поединци.

КРИК – фестивал за критичка култура има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст.