Број на текстови објавени денес: 62

Почина Фидел Кастроn-ЕЛ КОМАНДАНТЕ

fidel

Почина кубанскиот лидер и револуционерна икона Фидел Кастро, објавил неговиот брат на кубанската државна телевизија. Кастро имаше 90 години.

„Ел Команданте“ ја изгубил битката со болеста.

Неговата смрт претставува крај на една ера и заминување на еден од најголемите, најпознатитите и најконтроверзни светски лидери.

„Командантот на кубанската револуција починал во текот на ноќта во 22.29 часот“, соопштил братот на Фидел, Раул Кастро.

Во Куба ќе биде прогласена повеќедневна жалост.

„Јас сум марксист и ленинист и ќе бидам тоа до крајот на својот живот“, му порача Фидел Кастро на целиот свет во 1961 година.