Број на текстови објавени денес: 65

Почина творецот на „биг мек“ ФОТО

ap16335553916559

Џим Делигати, творецот на „биг мек“, умре во понеделникот вечер во 98-та година од животот.

Популарната плескавица настанала во еден од рестораните на „Мекдоналдс“ во Питсбург пред 50 години. Откако постигнал успех на локално ниво, директорите на „Мекдоналдс“ ја превземале идејата и го претставиле „биг мек“ на целата територија на САД во 1968 година.

Делигати новиот бургер го направи од земича посипена со сусам во која додал две плескавици со говедско месо, зелена салата, топено сирење, кисели краставички, кромид и „специјален сос“.

Тој во 2006 година во интервјуто за „Асошиејтед прес“ изјавил дека неговата идеја првобитно наишла на одбивање, бидејќи останатите производи се продавале добро, пишува „Чикаго сантајмс“.

Делигати умрел мирно, опкружен со семејството.