Број на текстови објавени денес: 49

Почина последниот атентатор на Тито

tito10

Почина Радош Стевлиќ, човекот кој се обиде да изврши атентат врз Јосип Броз Тито и кој најголем дел од животот помина во емиграција. Починал во Аризона каде што живееше со децении.

Стевлиќ беше осуден на 10 години затвор заради обидот за атентат, а казната ја отслужи во американски затвор.

Тој е роден во село кај Чачак, Теолошки факултет завршил во Белград, од каде преку Австрија и Италија пребегал во САД.

Минатата година во интервју за „Политика“ зборувал за апсењето пред 40 години во Чикаго и за причината за учество во атентатот на Тито.

„Како и моите соборци, сметав дека Јосип Броз Тито е лажниот цар Шќепан Мали и дека не заслужува да владее со Србија. Од друга страна, бев свесен дека според нашата религија немам право да одземам човечки живот и можеби е подобро што сé се заврши како што се заврши. И да го ликвидиравме тогаш ништо немаше да се промени“, посочил Стевлиќ во интервјуто.

Стевлиќ по доаѓањето во САД работел во фабрика во Чикаго, но набрзо купил угостителски објект со ресторан за 70 лица и соби за издавање и почнал да развива приватен бизнис со куќи. Секоја година купувал по една куќа, се до денот кога го уапсиле агенти од ФБИ во 1976 година.