Број на текстови објавени денес: 60

Почина Олег Попов, најстариот кловн на светот ФОТО

oleg-popov

Русија денeска ќе му оддаде почест на познатиот советски и најстариот кловн на светот Олег Попов, кој почина во 87-та година.

Попов умреl од последици од инфарктот во хотелот во текот на турнејата по Ростов на Дон, на југот на Русија, изјави директорот на локалниот циркус Дмитриј Резниченко.

– Неговото срце застана. Никогаш не се жалеше на некои болки – рекол тој. Посмртните остатоци на Попов ќе бидат префрлени во Германија, каде што со семејството живеел од распаѓањето на Советскиот сојуз.

Олег Константинович Попов, e роден во 1930 година кај Москва, бил познат како советски и руски кловн и циркуски уметник.

Попов настапуваl како кловн, комбинирајќи ги своите таленти како мимика, одење по јаже и жонглирање. На осмиот меѓународен циркуски фестивал во Монте Карло во 1981 година добил златна награда за придонес на својата блескава кариера.