Број на текстови објавени денес: 60

Почина Влатко Ѓорчев, новинар во агенцијата Мета

vg1

Утровоненадејно почина Влатко Ѓорчев, новинар во агенцијата Мета, поранешен новинар и уредник во повеќе печатени и елекртронски изданија.

Тој беше дел од редакцијата на Мета од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев работеше во неколку медиуми, меѓу кои и „Време“, „Шпиц“, Плусинфо и Либертас.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот, а погребот ќе биде во 13 часот.

Редакцијата на МНА Охридскај до неговото семејство изразува искрено сочуство,изгубивме вреден колега.