Број на текстови објавени денес: 0

Постигнат договор меѓу МКФ и клубовите, првенството почнува претстојниот викенд

download-844

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение ја информира јавноста дека вчера во доцните попладневни часови добиле информација од Здружението на клубови од Првата лига дека мнозинството на клубовисе согласи со последниот предлог на раководството на федерација и прифаќаат Првата лига во машка конкуренција во сезоната 2016/2017 да стартува на 19 ноември.

– МКФ сака да им изрази благодарност на сите клубови од Првата лига што со една ваква одлука ќе помогнат кошарката веќе да не е заложник на некои други интереси, туку да се врати на позициите кои ги има во нашиот спорт. Се надеваме и сметаме дека доцнењето на стартот на Првата лига од триесеттина дена нема да претставува проблем за клубовите ниту во календарот на натпреварување, стои во денешното соопштени на МКФ.

Воедно, раководството на федерацијата им посакува успешна натпреварувачка 2016/2017 сезона, на сите клубови од нашето најсилно првенство.