Број на текстови објавени денес: 13

Поранешната сопруга го обвинува Фил Колинс за лаги во автобиографијата

filkolins

По повеќегодишна пауза, Фил Колинс најави враќање на сцената со нов албум и издаде биографија која мнгумина воодушеви заради неговата искреност за турбулентните бракови и врски. Освен една од неговите поранешни сопруги.

Во книгата „Се уште не сум мртов“, легендарниот музичар ја отвора својата душа и меѓу другото, признава дека ја изневерувал сопругата Џил Тавелман со која ја има ќерката Лили.

Колинс пишувал и за неговата сопруга Андреа Берторели со која бил во брак пет години и со која има две деца. Фил и Андреа се разведоа во 1980 година, а токму таа го инспирирала неговиот соло хит „In The Air Tonight“.

„Се до сега верував дека се е дел од минатото. Конечно успеав да се оддалечам од тоа, се додека тој не се врати на сцената и издаде автобиографија која е полна со лаги. Фил во книгата лажел и за најосновните работи, како што е местото на нашата венчавка“, изјавила Андреа и додала дека се чувствува само како лик во приказна на славна личност.

Она, за што Андреа најмногу му замерува на Колинс е, како што вели, приказната што ја измислил како позадина за својата песна „In The Air Tonight“’.

„Според него, тој мене ме оставил откако сум го изневерила со декоратер. Таа приказна ја раскажува по интервјуа и кога ќе го чујам тоа, ми се лоши. Никогаш во јавноста не излезе дека тој мене ме изневери со неколку жени и дека заради тоа се разведовме“, посочува поранешната сопруга на Колинс и вели дека го мрази фактот што повторно се нашла во центар на внимание заради книгата на музичарот.

Андреа тврди дека нивниот брак пропаднал заради лошиот карактер на Колинс, дека тој проблемите никогаш не ги решавал со разговор, туку правел сцени.

„Имав чувство дека ме злоставува“, рекла Андреа и додала дека е време Колинс да престане да изигрува жртва.