Број на текстови објавени денес: 0

Порази за Голден Стејт и за Кливленд на домашен терен

%d0%ba%d0%be%d1%88%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b1%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%98%d1%82

Последните два шампиона во НБА лигата Голден Стејт и Кливленд (актуелен) ноќеска забележаа нови порази. Голден Стејт е загуби на домашен терен од Хјустон по две продолженија, а најдобар на теренот беше Џејмс Харден (Хјустон) кој имаше „трипл дабл“ – 29 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Ова за ланскиот шампион беше прв пораз по серијата од 12 победи.

Кливленд загуби пред своите навивачи од ЛА Клиперс, а најпрецизен беше Џеј Џеј Редик (ЛА Клиперс) со 24 поени. Ова за шампионот е втор пораз во серија.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Голден Стејт – Хјустон 127:132 (по две продолженија), Кливленд – ЛА Клиперс 94:113, Шарлот – Далас 97:87, Бруклин – Милвоки 93:111, Мемфис – Орландо 95:94 и Јута – Мајами 110:111.

Пласман Источна конференција: Кливленд 13-4 (победи-порази), Торонто 12-6, Чикаго 10-7, Шарлот 11-8, Бостон 10-8, Милвоки 9-8, Атланта 10-9,Детроит 10-10,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-3, Сан Антонио 15-4, ЛА Клиперс 15-5, Хјустон 12-7, Оклахома Сити 12-8, Мемфис 12-8, Јута 11-9, Портланд 10-10, ЛА Лејкерс 10-10,…