Број на текстови објавени денес: 0

Поради оваа фотографија се шпекулира дека Памела е бремена во 50-тата година ФОТО

30pamela-anderson-1

Холивудската актерка го покажа деколтето кога неодамна се појави во еден ресторан во Холивуд, но овојпат не го привлекла вниманието со своите гради, туку со својот стомак.

Имено, тесниот фустан покрај бујниот граден кош го окрил и стомачето, поради што во светските медиуми се појавија гласините дали славната „чуварка на плажата“ е бремена во 50-тата година од животот.

Но, извор близок на Памела тврди дека таа не чека бебе туку дека за сè е виновнo – пивото.

– Памела не е бремена. Тоа е сè од пивото коешто таа во последно време го пие во големи количини – рекол извор за „Радар онлајн“.

Памела со поранешниот сопруг, тапанарот Томи Ли, има два сина, Брендон и Дилан. Двојкaта се венча во 1995 година откако се запознаа само четири дена порано, а се разведоа во 1998 година.

.

Фото: radaronline.com/photos/pamela-anderson-pregnant-rumors-baby-bump-cleavage-pics/