Број на текстови објавени денес: 0

Поради невреме без струја делови од Делчево

delcevo

Делови од населбата Милково Брдо во Делчево од синоќа на полноќ се без електрична енергија поради дефект на 10 киловолтниот извод во населбата. Прекинот настанал поради силниот ветар кој предизвикал паѓање на две тополи при што биле оштетени два бетонски столба и проводник.

Како што информира Атанас Ковачевски од ЕВН, екипите на ЕВН од утрово работат на отстранување на дефектот.

– Без струја се улиците Никола Карев, Даме Груев и Вера Јоциќ како и дел од населбата Пролет. Според иннформациите од терен, екипите работат на отстранување на дефектот и најдоцна до 14 часот овие домаќинства ќе добија електрична енергија – рече Ковачевски.