Број на текстови објавени денес: 46

Полусестрата на новата љубов на принцот Хари: Таа секогаш се пробиваше преку кревет ФОТО

princ-hari5

Иако нивната на врска штотуку откриена, извори блиски на принцот Хари и Меган Маркл тврдат дека нивниот однос е мошне сериозен и дека во блиска иднина можна е и свршувачка. Хари (32) наводно е маѓепсан од оваа 35-годишна американска актерка.

– Тоа е речиси сигурен исход на развојот на ситуацијата. Врската е сериозна, вреди да почекаме да видиме што ќе се случи – тврди извор.

Принцот и актерката заедно се два месеци, а дека работите одат мошне брзо, зборува и информацијата дека Хари веќе ја запознал Меган со својот татко, принцот Чарлс.

– Хари со Меган има сериозни планови, а и таа така размислува за него. Одлично си поминуваат заедно. Имаа многу заеднички работи. Хари е многу романтичен, тип на маж кој праќа цвеќе – рекол пријател на Хари и додал дека јавноста треба да го остави на мир, за тие самите да одлучат што ќе прават понатаму. Но, прашање е дали ова приказна ќе има среќен крај.

Имено, откако во неделата во јавноста протече веста за врската на принцот и актерката, полусестрата на Меган ја искористила приликата и јавно ја нападнала, пишува американскиот портал „Радар онлајн“. Саманта Грант ја обвинила Меган дека не му била поддршка на своето семејство, пособено на неа која, како што тврди, 12 години ја гледала и ѝ помагала да стане актерка, додека Меган за Саманта сега наводно воопшто не се грижи иако завршила во инвалидска количка. Исто така, Саманта за „Радар онлајн“ изјавила дека нејзината полусестра отсекогаш сакала да биде славна и имала желба да биде принцеза и дека уште како мала ги гледала емисиите за кралското семејство и Хари го „држела на око“, а ја опишала како нарцисоидна и себична.

– Таа е нарцисоидна и себична. Отсекогаш се пробиваше преку кревет. Покрај тоа, нејзе ѝ се допаѓаат црвенокоси мажи, ги собира како трофеи. Не можам да верувам дека Хари веќе ја запознал со татко му, принцот Чарлс – рекла Саманта за „Дејли мејл“.

Саманта рекла дека Меган не му помогнала на семејството кога мајката, таткото и братот банкротирале, и дека ја интересираат само славата и моќта, па затоа го завела принцот.

– Кралското семејство ќе биде вчудоневидено од она што го направила. Вистината ќе го уништи нејзиниот однос со принцот Хари, сигурно повеќе нема да сака да биде со неа, бидејќи тоа е лошо за неговиот имиџ – рекла 51-годишната Саманта Грант.

Таа додала дека е сигурна дека Хари откако ќе ја дознае целата вистина за Меган нема повеќе да сака да има работа со неа. Исто така, „Радар онлајн“ пишува дека Меган е надвор од себе поради интересот на медиумите и јавноста за нејзината врска со принцот, дури дотолку што не може ниту да спие.

Саманта и Меган имаат ист татко, Томас Маркл, кој некогаш бил еден од водечките шефови на расвета во Холивуд, но минатата недела прогласил банкрот. Оттогаш нема ни трага ни глас од него, а наводно заминал за Мексико без да остави адреса и број на телефон. Мајката на Меган Дориа исто така прогласила банкрот, но уште пред неколку години поради долгови на кредитните картички.