Број на текстови објавени денес: 0

Половина од младите сакаат да заминат од државата

maski1

Стапката на невработеност на младите во Македонија изнесува 52,9 проценти, што ја рангира земјата на трето место на светската листа, покажува истражувањето „Невработеноста на младите луѓе во Република Македонија“ што го спроведе Фондацијата „Фридрих Еберт“ годинава.

Истражувањето, покрај тоа, покажало дека повеќе од 60 проценти од младите над 18 години сметаат дека тешко ќе најдат работа во земјава.

„Личните и политичките врски се рангирани на прво место по значајност како фактори за наоѓање работа, додека платата е најважен фактор за прифаќање работа. Поголемиот дел од младите претпочитаат да се вработат во јавна администрација. Повеќе од 50 проценти размислуваат или се подготвени да ја напуштат земјата, главно заради вработување или подобрување на финансиската состојба“, покажува истражувањето.
извор: МЕТА