Број на текстови објавени денес: 65

Половина од заразените со ХИВ не ни знаат дека се заразени!

hiv-test

Светската здравствена организација денеска предупреди дека речиси половина од заразените со вирост на ХИВ ширум светот не ни знаат дека се заразени и затоа повика на поширок пристап кон тестирањата, пренесуваат француските медиуми.

Според најновите податоци на СЗО, во 2015 година во Европа биле регистрирани 153.407 нови случаи на ХИВ позитивни лица, што е повеќе отколку во 2014 година, а растот е предизвикан од случаите во Русија и мигрантите, кои се заразиле по доаѓањето во Европа.

Повикувајќи се на проценката од 2015 година, СЗО наведува дека 40 отсто, односно повеќе од 14 милиони лица со вирусот на ХИВ, не се ни свесни за тоа, што е многу повеќе отколку претходните години кога овој процент беше помал.

Според податоците на СЗО, 80 отсто од лицата со ХИВ вирус примаат терапија, но многу доцна се пријавуваат за терапија, бидејќи не ни знаеле дека се заболени