Број на текстови објавени денес: 10

Политичарка исфрлена од партијата, правела вежби покрај мртвечки ковчези ВИДЕО+ФОТО

3a662cb100000578-3937906-image-a-44_1479212131748

Анастасија Мајкина, политичарка од владеачката политичка партија Обединета Русија, е исфрлена од партијата, откако објавила видео во кое прави чучњеви и тоа во погребалниот завод покрај надгробните споменици и ковчези.

Анастасија била на чело на партијата во регионот Иркутск, а работела и како менаџер на погребалниот завод во државна сопственост, пишува „Дејли мејл“.

Видеото го снимила во своето работно опкружување, откако наишла на бројни критики и набрзо снимката ја тргнала од својот профил на Инстагра,

На снимката се гледа како насмеана прави чучњеви покрај надгробните споменици, ковчезите и цвеќињата.

– Не се разбирам многу во технологија, така што не знаев дека сите ќе го видат – рекла политичарката.

Мајкина (24) учествувала во популарната програма за слабеење, која подразбирала секојдневно да се вежба. Таа стравувала дека ќе ја исфрлат од партијата поради снимката, кога ги видела негативните коментари, што на крајот и се случило, бидејќи „ги прекршила моралните стандарди“, како што наведуваат официјалните лица.