Број на текстови објавени денес: 62

Познатaта двојка верува дека тригодишниот син ќе ја победи болеста

life_16_3

Иако ова е тежок период за семејството, пријателите на двојката велат дека Мајл Бабл и Луисана Лопилато се полни со надеж и позитивни мисли дека малиот Ноа е борец и веруваат дека ќе успее да ја победи болеста. Откако објавија декаа миниот тригодишен син боледува од рак, канадскиот пејач Мајкл Бабл и неговата сопруга, аргентинската актерка Луисана Лопилато добија голем број пораки за поддршка.

Се огласи и сестрата на Луисана, Даниела, која ги демантираше гласините дека станува збор за леукемија.
„Ве молам да не погодувте што се случува со детето, бидејќи сите кои имаат деца знаат колку е тешко човек да се носи со ваква вест. Мојата сестра и нејзиниот сопруг ќе ги објават само оние информации, кои тие сакаат да ги поделат со светот“, напиша таа.
Двојката, освен Ноа го имаат и единаесет месечниот син Елиас.