Број на текстови објавени денес: 86

Познати носителите на пратеничките листи на СДСМ: Заев ќе трча во „четворката“

zaev-cestitka

Носител на пратеничката листа на СДСМ во првата единица ќе биде Стево Пендаровски, во втората Оливер Спасовски,во третата Љупчо Николовски ,во четвртата Зоран Заев,во петтата Радмила Шеќеринска, во шестата Петре Шилегов.

Овие имиња ќе бидат објавени денеска на Конгресот на СДСМ кој почнува во 14 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На листите договорени се високи добитни позиции и за Рената Дескоска, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, за претставници на Шарената револуција, како и за независни интелектуалци.

Во врска со коалииските партнери, неофицијално, ЛДП и НСДП ќе добијат по две сигурни позиции, а ДОМ на Лилјана Поповска, како и партиите на Ердоган Сарач и Фиат Цаноски ќе добијат по едно место на листата за пратеници.