Број на текстови објавени денес: 0

Познатата пејачка првпат ги покажа лузните по борбата со ракот ФОТО

anastasia-pejacka-luzni

Познатата пејачка со впечатлив глас Анастасија првпат ги покажа лузните од мастектомијата (отстранување на градите).

Анастасија, која го победи ракот на дојката, се фотографирала за најновото издание на магазинот „ЈуЕс магазин Фолт“.

Таа рекла дека се чувствува вдахновена што ги направила овие фотографии, но чувствувала и голема нервоза.

– Ме фати нервоза поради тоа што сите ќе ги видат моите лузни, навистина станав нервозна, но сакам да одам на плажа и да не мислам дека фотографите таму првпат ќе ги снимаат моите лузни – рекла 48-годишната пејачка.

– Лузните се сега дел од мене и сакав да ги откријам. Многу сум вдахновена, бидејќи ова го направив на ваков начин – рекла Анастасија.