Број на текстови објавени денес: 10

Пожар во психијатриската болница во Демир Хисар

%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b0%d1%80-2

Доцна синоќа телефонски во полициската станица Демир Хисар, од страна на полициски службеник, пријавен е пожар на еден дел од објект-поранешно женско одделение, сопственост на ЈЗУ „Психијатриска болница“-Демир Хисар при што целосно изгорел 1-кат и поткровјето од објектот.

Како што неофицијално дознаваме пожарот се случил во објект што веќе не се користи, поради што и нема поврдени.

Пожарот бил локализиран околу полноќ.

Материјалната штета и причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.