Број на текстови објавени денес: 0

Поделба на имот вреден 400.000 евра

lecic

Нивниот развод овие денови е главна тема во медиумите. Веќе се познати се сите детали околу поделбата на имотот. Наводно е завршена и поделбата на имотот. Бранислав се иселил од заедничкиот дом на Дедиње, а недвежнината од 130 квадрати, вредна околу 260.000 евра, и останува на Нина, која ќе продолжи да живее со нивниот петгодишен син Лав. Популарниот Лека прифатил старетелството на детето да и припадне на Нина, а тој да плаќа алиментација од 350 евра месечно.

„Иако брачната криза траеше веќе неколку месеци, актерот дури неодамна го напушти заедничкиот дом, во кој Нина остана да живее со синот. Пред да потпишат документи за развод, и двајцата се договорија да го распоредат имотот стекнат во бракот. Точно е дека Нина потпиша предбрачен договор, но кај адвокатот бргу се усогласија што на кого му припаѓа“, изјави за „Курир“ извор близок до двојката.

„На неа и било важно само да го задржи станот на Дедиње, што Лека го купи кога се венчаа. Во мирниот крај, имаат пространа тераса од 40 квадратни метри кои гледаат кон Авала. Лека поради синот го прифатил тоа. Штом сега е сам, доволен му е станот на Врачар во кој се преселил“, додава изворт, а бидејќи станот е во строгиот центар Белград, се проценува дека неговата вредност е околу 140.000 евра.

Веста дека се разведуваат Бранислав и Нина Лечиќ, беше изненадување за многумина, но оние кои ја следат Нина на социјалните мрежи уште пред неколку месеци забележаа дека и двајцата повеќе не објавуваат заеднички фотографии. Додека функционираше се како што треба во нивниот брак, Нина и Бранислав редовно постираа заеднички слики, но тоа летово прекина, и на 9 јули на својот Инстаграм профил објави фотографии од летувањето, и тоа е нивната последна слика на која позираа заедно.