Број на текстови објавени денес: 60

Побунетите судии против Панчевски ќе се појават во Судскиот совет

%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%821

Судиите потпишани на претставката против претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски се подготвени да се појават на средбата по повикот од Судскиот совет.

Ова за Телма го потврдија и претставници на Судскиот совет, но и блиски на 13-те судии кои се потпишаа на претставката за состојбите во Основниот суд Скопје 1 за што сметаат дека одговорноста ја носи Панчевски.

Вчера Судскиот совет преку соопштение ги повика судиите во понеделник да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд.