Број на текстови објавени денес: 46

„Пиштење и вриштење на прилепските дуќанџии“ го дочека Груевски во ПрилепВИДЕО

prilep8

Пред хотелот „Салида“, каде Никола Груевски беше на средба со бизнисмените од Прилеп, го дочека транспарент со пораките „Пиштење и вриштење на прилепските дуќанџии“, што се слуша во една од „бомбите“.

Акцијата имаше за цел истовремено да ги потсети прилепските стопанственици дека токму Никола Груевски преку нарачани казни, инспекции го урниса прилепскито стопанство.

За цело време додека траеше средбата, озвучено возило емитуваше дел од „бомбите“ кои се однесуваа на Прилеп.