Број на текстови објавени денес: 50

Писмо од Монти Пајтон до американскиот народ

john-cleese-smeshno-odenje

На граѓаните на Соединетите Американски Држави, со оглед на вашиот неуспех да изберете компетентен претседателот на САД и при тоа да владеете сами, со овој проглас ви се дава на знаење дека се поништува вашата независност, што е на снага денес, пишува во обраќањето Џон Клиз.

Нејзиното Суверено Височество Кралицата Елизабета II продолжува со нејзините монархиски должности над сите држави, комонвелтот и другите територии. Освен Јута, зашто таа не ѝ е по ќеф.

Вашата нова премиерка (почитуваната Тереза Меј, премиер, за 97,8 насто од вас кои до сега не биле свесни дека постои свет надвор од вашите граници) ќе именува министер за Америка. Конгресот и Сенатот се расформирани. Со прашалникот што ќе биде поднесен следната година ќе се утврди дали некој од вас тоа го забележал.

За потребите на транзицијата на повторна контрола од британската Круна, се воведуваат следниве правила кои стапуваат во сила веднаш:

1. Побарајте под „отповикување“ во Оксфордскиот англиски речник. Проверете го упатството за изговор на „алуминиум“. Ќе бидете запрепастени колку погрешно го изговарате. Буквата „U“ ќе биде повторно воведена во зборовите „favour“ и „neighbour“. Исто така ќе научите да го изговарате зборот „doughnut“ (крофна) без да прескокнувате пола од буквите. Општо земено, треба да го подобрите вашиот вокабулар на прифатливо ниво. Побарајте го зборот „vocabulary“ (вокабулар). Користењето на истите дваесет и седум зборови, проткаени со дополнувачите на звуци како „like“ (како) и „you know“ (знаеш) е неприфатлива и неефикасна форма на комуникација. Побарајте што значи „intersperse“ (расфрлано, прошарано). Нема да има повеќе „bleeps“ во шоуто на Џери Спрингер. Ако не сте доволно возрасни за да се справите со погрдните зборови, тогаш треба да ги укинете дебатните шоуа.

2. Не постои такво нешто како „US English“ (американски англиски јазик). Ќе го пуштиме Мајкрософт да знае во ваше име. Апликација на Мајкрософт за проверка на спелувањето ќе биде прилагодена за да се земе во обѕир повторното воведување на буквата „u“.

3. Треба да научите да правите разлика на англискиот и австралискиот акцент. Тоа навистина не е многу тешко. Англиските акценти не се ограничени на Кокни, подигрување со високата класа или манчестерски (Daphne in Frasier). Шкотските драми како на пр. „Taggart“ веќе нема да се емитуваат со титлови. Ќе мора да научите дека не постои такво место како Девоншир во Англија. Име на округот е „Девон“. Ако продолжите да го нарекувате Девоншир (Devonshire), сите американски држави ќе станат „shires“, на пример, Тексасшир, Флоридашир, Луизианашир (Texasshire Floridashire, Louisianashire).

4. Треба повторно да ја научите вашата оригинална химна „God Save The Queen“, но само откако ќе го исполните правилото под број 1.

5. Треба да престанете да играте американски „фудбал“. Има само еден вид на фудбал. Она што го нарекувате американски „фудбал” не е баш добра игра. 2,1 насто од вас, кои сте свесни дека постои свет надвор од вашите граници, може сте забележале дека никој друг не игра „американски“ фудбал. Наместо тоа треба да играте вистински фудбал. Првично, ќе биде најдобро ако го играте со девојки. На тие кои се доволно храбри со тек на време, ќе им биде дозволено да играат рагби (што е слично на американскиот „фудбал“, но не вклучува запирање за пауза на секои две секунди или носење на цел оклоп од кевлар како женско петле). Треба да престанете да играте бејзбол. Неразумно е да организирате настан кој се вика Светско првенство („World Series“) за спорт кој не се игра надвор од Америка. Наместо безбол, ќе ви биде дозволено да играте игра за девојчиња наречена „Rounders“, што е безбол без фенси дресови на риги, преголеми ракавици, собирање сликички за правење колекции или хотдог.
6. Нема веќе да ви биде дозволено да поседувате или да носите оружје, или било што поопасно во јавноста освен нож за лупење зеленчук. Затоа што не сте доволно разумни да ракувате со потенцијално опасни предмети, ќе ви треба дозвола за носење на лупач на зеленчук.

7. 4-ти јули повеќе нема да биде државен празник. 2-ри ноември ќе биде новиот национален празник и ќе се вика „Неодлучен ден“.

8. Сите американски автомобили со овој проглас се забрануваат. Тие се срање и тоа е за ваше добро. Кога ќе ви ги покажеме германските автомобили, ќе разберете што сакам да кажам. Сите сообраќајни раскрсници ќе бидат заменети со кружен тек и ќе почнете да возите на левата страна. Во исто време, ќе прејдете на метрички систем без помош на таблици за конверзија. Кружниот тек и метричкиот систем ќе ви помогнат да го разберете британскиот смисол за хумор.

9. Научете да правите вистински чипс. Она што вие го викате помфрит не е вистински чипс. Помфритот не е француски туку белгиски иако 97,8 насто од вас (вклучувајќи го и човекот кој го откри помфритот додека беше во Европа) не се свесни за постоењето на држава што се вика Белгија. Чипс од компири правилно се нарекува „crisps“ (криспс). Вистинскиот чипс се сече на дебели парчиња и се пржи во животинска маст. Традиционална придружба на чипсот е пивото што треба да се служи топло и рамно.

10. Ладната безвкусна течност што вие ја нарекувате пиво е всушност лагер (светло пиво). Само British Bitter може да го нарекувате „beer“ (пиво). Супстанциите што некогаш беа познати како „American Beer“(американско пиво) отсега ќе се нарекуваат „Near-Frozen Gnat’s Urine“ (речиси замрзната урина од комарец), освен за производите на американската компанија Budweiser која ќе се вика „Слаба речиси замрзната урина од комарец“. Ова ќе овозможи вистинскиот Budweiser (што се произведува во последните 1000 години во Пилзен во Чешка) да биде продаван без ризик од забуна.

11. Во Велика Британија ќе се изврши усогласување на цените на бензинот (или „Gasoline“ како што ќе ви биде дозволено да продолжите да го нарекувате) за тие од поранешните Соединети Американски Држави, при што ќе се преземат цените од Велика Британија (околу 6 долари за американски галон, навикнете се на ова).

12. Научете како да ги решавате личните проблеми без пиштоли, адвокати и психијатри. Потребата за многу адвокати и психијатри покажува дека не сте доволно возрасни луѓе за да бидете независни. Ако не сте доволно созреани за да ги средите работите без да тужите некого или да зборувате со психијатар, вие не сте доволно возрасни да ракувате со пиштол.

13. Ве молиме кажете ни кој го уби Кенеди. Тоа не излудува.

14. Даночниците од Владата на Нејзиното Височество ќе бидат со вас наскоро за да се осигури наплатата на сите приходи (ретроактивно од 1776).

Ви благодарам за соработката.

Џон Клиз (Базил Фолти, Фолти Тауерс, Сер Ланселот од Камелот (Монти Пајтон и Потрага по Светиот Грал) од Торки, Девон, Англија)