Број на текстови објавени денес: 0

„Пипл“ одбра: Двејн Џонсон е најсекси маж на планетата!

dvejn-dzonson1

Актерската ѕвезда и поранешниот бoрач Двејн Џонсон (44) магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот. „Карпа“, како што му е популарниот прекар, го наследи Дејвид Бекам (41).

Актерот летоска стана и најплатен холивудски актер со вкупна заработувачка од 64 милиони долари, а со актерство се занимава 12 години.

Двејн Џонсон со пријателите покренал продукциска компанијата која ја нарекол „Севн бакс продакшн“. Името на компанијата е посветена на моментот во неговата кариеара кога на сметката имал само седум долари.

– На 14 години бев исфрлен од станот, ана 23 години бев без цент. Но, во мене живее гладен волк кој секогаш тежнее кон подобро, а со такви луѓе и се опкружив – открил актерот пред неколку месеци на Инстаграм.