Број на текстови објавени денес: 49

Пилотите на Луфтханза ќе штрајкуваат до сабота на полноќ

%d0%bb%d1%83%d1%84

Германскиот синдикат Кокпит го продолжува штрајкот на пилотите во Луфтханза до сабота на полноќ.

Во соопштение од Синдикатот се наведува дека штрајкот ќе ги погоди сите летови на долги релации од Германија. Штрајкот ќе трае до сабота на полноќ.

Во понедленикот Кокпит објави еднодневен штрајк и подоцна го продолжи до петок.

Поради штрајкот Луфтханза во средата откажа 876 летови, денеска 912 и за утре се откажани 830 летови.