Број на текстови објавени денес: 9

Пешак загина во сообраќајка во Кавадарци

download-2419

Кавадарчанецот Л.Ј. (1959) почина на КАРИЛ од внатрешно крвавење од повредите кои ги здоби во сообраќајка која се случила вчера во неговиот роден град. Тој се движел по улицата Страшо Пинџур кога во него удрило возило „форд фокус“ управувано од С.Ц. (1996) од Кавадарци. Пешеакот како итен случај бил пренесен на скопските клиники, каде истиот ден починал.