Број на текстови објавени денес: 70

Пет производи што го чистат телото од никотин

926115848581f76b857f2a762258005_v4-big

Сите сме свесни за негативните дејства на цигарите и никотинот на нашиот организам. Ако сте престанале да пушите или сте страсен пушач, најбрзиот начин да го исчистите телото од никотин е со помош на овие свежи и вкусни производи.

Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето телото ја губи неопходната течност и организмот побрзо доаѓа до состојба на дехидратација. Со пиењето на големи количини вода, витаминска или зелен чај го плакнете никотинот од телото и му помагате да се исчисти.

Киви и лимон

Освен водата, никотинот од телото ги исфрлува и витамините А, Ц и Е коишто го јакнат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и микроби. За да ги надоместите изгубените витамини посегнете по едно овошје киви дневно или пак секое утро испијте чаша лимонада.

Спанаќ и брокули

Фолната киселина е многу важна за нормалното работење и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотинот. Освен во облик на таблети, фолната киселина, но и споменатите витамини можете да ги пронајдете во спанаќот. Брокулите се преполни со витамините Ц и Б5 кои интензивирано се губат со пушењето.

Свеж морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Доколку сакате да се ослободите од овие грди нуспојави од пушењето, јадете што повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамините А, К, Ц и Б коишто се главни чистачи на телото. Исцедете ги во соковникот помешани со јаболко и лимон или исечкајте ги во салата.

Сок од портокал

Оваа освежувачка напивка го хидрира телото, му ги пружа потребните витамини, но и го чисти организмот од никотинот. Исцедете два портокали, додадете малку вода и испијте ги помеѓу оброците.