Број на текстови објавени денес: 17

Пет гимназијалци избодени во училиште во Јута, приведен 16-годишник

1024x1024

Петмина средношколци денеска се избодени со нож во гимназијата во која учеле во градот Орем, во американската сојузна држава Јута, пренесоа американските медиуми.

За нападот е приведено едно шеснаесетгодишно момче.

Сите жртви се момчиња. Тие биле избодени најмалку по еднаш и веднаш биле одведени во локалната болница. Состојбата на некои од нив е критична. Момчињата биле избодени во близина на гимнастичката сала на гимназијата.

Мотивот за нападот засега не е познат.