Број на текстови објавени денес: 65

Петровска: Во Битола по 30 деца се во група во градинките

%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0

Интегрално ја објавуваме изјавата на координаторот на советничка група во Советот на Општина Битола, Наташа Петровска:

„Со посебна одлука на Совет на денешната седница има потреба да се донесе одлука за згрижување на деца до 30 во група иако по стандарди треба до 12, или по 30 за кои до стандарди треба до 15, зависно од возраста. Така доплонителните бројки кажуваат дека 580 деца во Битола на тој начин ќе бидат допуштени да се згрижат со одлуки надвор од пропишаните стандарди. На ова плус доаѓаат познатите листи на чекање на незгрижени деца. Оваа локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети реконструктивни зафати во градинки со кои требаше да се зголеми капацитетот. Рокот кој го постави за завршување на овие зафати беше 2014 во нивната изборна програма за локалните избори 2013.
За жал сите ветувања останаа во ветер. ВМРО-ДПМНЕ со 12 години владеење на локално ниво не направи ништо за овој проблем додека една друга општина, општина Центар, со 2 милиони евра од сопстевен буџет изгради најсовремена градинка во државата за само една градежна сезона. Така се сакаат граѓаните и се работи во нивни интерес. Конечно ВМРО-ДПМНЕ токму затоа нема кредибилитет да ветува сега 140 градинки за 25 милиони евра. Можеа тоа да го направат и до сега ако не правеа панорамски тркала и галии по Вардар“, изјави Наташа Петровска.