Број на текстови објавени денес: 0

Петмина повредени во сообраќајка на патот Делчево-Берово

мвр(15)

Пет лица се повредени од кои две потешко во сообраќајка меѓу патничко и товарно возило што се случи попладнево на регионалниот пат Делчево – Берово кај селото Нов Истевник.

Двете лица со потешки повреди се пренесени во Клиничката болница во Штип, а другите се пуштени на домашно лекување.

Полицијата прави увид на местото на несреќата, а за причините дополнително ќе информира.