Број на текстови објавени денес: 0

Петиција на 15.000 правници во САД против именувањето на Банон за советник на Трамп

usa-banon-desnichar-sovetnik-na-trump

Илјадници американски правници се изјаснија против решението на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да го назначи за свој постар советник и главен политички стратег поранешниот раководител на конзервативниот сајт „Брајтбарт“, Стив Банон.

Како што соопшти еден од иницијаторите на петицијата против Банон, професорката по право на Универзитетот во Денвер, Ненси Леонг, за кус период барањето го потпишале над 15.000 правници и дека тоа ќе биде испратена до тимот на Трамп по промената на власта, како и до Конгресот.

Иницијаторите за петицијата го повикуваат американското законодавство „да ги преземе сите можни мерки“ со цел да го убедат идниот претседател дека е неопходно „уште еднаш да ја разгледа одлуката за назначувањето на Банон“, истакна Леонг.

Таа објасни дека, како раководител на „Брајтбарт“ Банон објавувал коментари со ксенофобична содржина, како и погледи кои се непријателски настроени кон националните и сексуалните малцинства и кон жените.

Назначувањето на Банон за постар советник во Белата куќа нема потреба да биде одобрено од страна на Сенатот, поради што можностите на законодавците да влијаат на оваа одлука се ограничени.