Број на текстови објавени денес: 70

Песни од Боуви, Нирвана и Принс во „Греми“ куќата на славните

nirvana

Песни од Дејвид Боуви, Нирвана, Принс и РЕМ ќе влезат во „Греми“ куќата на славните во 2017 година.

Песните кои го добиваат признанието се „Changes“ (Боуви), „Smells Like Teen Spirit“ (Нирвана), „Sign O’ The Times“ (Принс) и Losing My Religion (РЕМ).

Секоја година, музичката академија „Греми“ избира музичари кои треба да влезат во нивната куќа на славни, а освен популарноста и музичкиот придонес на изведувачите, потребно е песните да постојат барем 25 гдоини.

„Незаборавни и инспиративни, овие снимки гордо се додаден во нашиот каталог кој постојано расте и се составен дел од нашата музичка, социјална и културна историја”, изјавиле од академијата.

Греми куќата на славните ги претставува сите музички жанрови. Основата е во 1973 година.