Број на текстови објавени денес: 46

Песков: Преземени мерки за безбедност на компјутерските системи согласно заканите

56ba0217c36188f9068b45dc

Безбедноста на руските компјутерски системи е гарантирана на ниво, кое е неопходно за да се одговори на моментните закани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Мерките за гарантирање на кибер и информативната безбедност се преземени на ниво, кое може да им одговари на заканите упатени против нас на официјално ниво од страна на претставници од други земји – истакна Песков.

Ен-Би-Си Њуз претходно пренесе дека руската електронска и телекомуникациска мрежа, како и командните системи во Кремљ, биле мета на хакери на американската војска.