Број на текстови објавени денес: 62

Перуански шамани ги зацврстија шансите на Клинтон во пресрет на изборите

peru3

На специјална церемонија во перуанскиот град Лима, осум шамани ја предвидоа победата на Хилари Клинтон на претседателските избори во САД  денеска. На церемонијата, тие принесоа портрет на Хилари, го затрупаа со лисја од кока, со цветчиња и со шарени черепи, со цел да ги истераат лошите духови и магии околу демократската кандидатка и да и овозможат да има успешен претседателски мандат.

Истовремено шаманите фрлија анатема на Трамп, така што истурија песок и сол врз неговата фотографија, што би значело целосно разоткривање на човекот што мисли дека може да навредува, да ги маргинализира жените, да мрази, само затоа што е милијардер.

За време на ритуалот, шаманите – седуммина мажи и една жена – ја газеа сликата на Трамп и ги повикуваа Пачамама и Јукумама – божиците на земјата и на водата на Андите, да донесат мир и празник за американските демократи.Сето тоа се одвиваше под звуците на локалниот спиритуален народен инструмент вакрапуку и на маракаси.