Број на текстови објавени денес: 70

Пензионери бараат разрешување на Аргировски поради „соработката“ со ВМРО-ДПМНЕ

dragi2

Група на пензионери од Скопје бараат разрешување на Драги Аргировски, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, поради злоупотреба на службената должност и овластување.
„И покрај овие децидни одлуки од Законот за здруженија и фондации и од Статутот на СЗПМ, претседателот на Сојузот, кој едновремено е и претседател на Извршниот одбор на Собранието, не ги почитува овие законски и статутарни одредби и често соработува со една политичка партија, односно со ВМРО ДПМНЕ и работи во нејзин интерес.
Тоа е очигледно од јавните настапи на телевизија и на други јавни места со лидерот и со други функционери на оваа партија.
На д11 ноември тој изврши крајна злоупотреба на службената положба и овластување како претседател на Сојузот на пензионерите на Македонија, со тоа што потпиша спогодба – меморандум за соработка и агитација со лидерот на ВМРО ДПМНЕ во предизборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани.
Со ваквите постапки и дејанија, Претседателот на СЗПМ ги прекрши законските одредби од Законот за здруженија и фондации и одредбите од Статутот на Сојузот, во однос на статусот на Сојузот на пензионерите на Македонија, со што истовремено го наруши дигнитетот и самостојноста на пензионерското организирање во Македонија.
Со ваквите свои постапки и дејанија, Претседателот на СЗПМ го изгуби својот дигнитет и морален кредибилитет и не може и понатаму да го води, односно да раководи со Сојузот“, пишуваат потписниците на барањето.