Број на текстови објавени денес: 50

Пензионерите потпишаа пакт со ѓаволот

%d0%bf%d0%be%d0%bf1

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) ги информира пензионерите чии здруженија се членки на СЗПМ дека Драгослав Аргировски во својство на претседател на СЗПМ со потпишување „Меморандум за соработка“ со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ непосредно пред почнувањето на изборната кампања за вонредните избори закажани за 11 декември 2016 година, грубо ги прекрши одредбите од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување на здруженијата (член 13 став 1 и 2) и Статутот на СЗПМ (член 10 и 11), обидувајќи се како „доследен манипулатор“ да тргува со гласовите на пензионерите и да го втурне СЗПМ во функција на изборна кампања на оваа политичка партија.

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија во повеќе досегашни обраќања до јавноста со соопштенија реагираше и ги разобличуваше обидите на претседателот на СЗПМ Драгослав Аргировски и уште неколку „стимулирани манипулатори на власта“ кои затскриено но континуирано да даваат подршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СЗПМ Драгослав Аргировски ја премина црвенета линија и конечно го разобличи своето делување, со што испровоцира револт и огорченост кај огромен број пензионери. Имено овој „самобендисан лидер во манипулациите“ кој докажа дека своите „проекти“ ги поистоветува само со земање пари, очигледно „не разбрал“ дека никогаш го немал монополот да се претставува како предводник на пензионерите во Република Македонија – реагира ПОПГМ.

ПОПГМ ги повикува пензионерите во Република Македонија, на обединување со останатите граѓани, во демократска борба со авторитарниот режим и „потрошените корумпирани манипулатори“ и заеднички на 11 декември 2016 година, со нивниот глас за промени, да придонесат да се трасираат основите за градење функционален, ефективен и правичен систем заснован на владеење на правото и почитување на граѓанинот и неговите слободи и права.