Број на текстови објавени денес: 0

Пендаровски: Само фамилијата е богата, останатите се екстремно сиромашни ВИДЕО

%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%b2%d0%be1

Стево Пендаровски, носител на првата изборна единица од страна на СДСМ, денеска рече дека не е возможно да имате економски силна држава и граѓани, а да не постои постои правна држава.

– Имате случај како Македонија во кој не постои правна држава, а постои екстремно богата фамилија и сите останати се сиромашни или екстремно сиромашни. Апсолутен приоритет по победата ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава, како што вели тој, а тоа може да се оствари ако правото биде неселктивно применувано. Многу е важно дали сте член на фамилијата, дали сте член на владејачката партија, дали сте од оваа или онаа политичка припадност. Тоа нема да биде важно после победата на 11 декември затоа што ќе одговараат сите што го прекшиле законот, апсолутно не е битно дали се членови на владејачка партија или на било чија фамилија или дали се блиски или не се блиски до некој центар на моќ – рече Пендаровски.

Втора работа што е поврзана со правната држава и неселективното применување на правото што е приоритет за опозиционата коалиција по добивање на власта, според Пендаровски и СДСМ, ќе биде враќањето на сето она што е украдено од македонските граѓани.

– Знаеме дека постојат резерви дека е тоа тешко и дека во други држави тоа не се реализирало, но верувајте ми има многу примери во светот во кој тоа е успешно направено каде по падот на диктатурите најголемиот дел од украденото богатсво на народот е вратено назад. Само еден предуслов постои за тоа, да постои јасна политичка волја кај политичките фактори кои се на власт тоа да го направат, ако има волја тоа ќе се направи – изјави Пендаровски.

 

фото и видео: А1 он