Број на текстови објавени денес: 46

Пендаровски: Продолжување на мандатот на СЈО и формирање специјално судско одделение

timthumb136

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 1 Стево Пендаровски денеска на почетокот на изборната кампања за изборите на 11 декември најави продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но и формирање специјални судски одделенија за процесуирање на предметите од СЈО.

– По изборната победа на 11-ти декември веднаш ќе се продолжи мандатот на СЈО, со што ќе им се овозможи доволно време за процесуирање на предметите кои произлегуваат од нелегално прислушувани телефонски разговори – истакна Пендаровски во Скопје.

Според него, формирање специјални одделенија не претставува паралелен судски систем, туку во законот постои можност за формирање посебни одделенија, специјализирани за одредени предмети.

Тој истакна дека по изборите ќе се направи и резбор на сите судии со цел на нивните места да се донесат судии кои ќе судат правично, а не по диктат на некоја политичка партија.