Број на текстови објавени денес: 18

Пендаровски: Ги намалуваме казните и судските трошоци (ВИДЕО)

stevo-pendarovski3

Ја пренесуваме интегрално изјавата на Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

– Досегашната власт владееше со страв и репресија. Еден од столбовите на таквата политика беше казнената политика, политиката на казни и глоби по сите можни основи кон нашите , кон своите сограѓани.

На годишно ниво во изминатите фискални години по основ на глоби, власта проектираше да зема од сопствените граѓани, и земаше од 65 до 85 милиони евра. Таа политика по 11 декември ќе престане и ќе биде заменета со сосема друга казнена политика која ќе се потпира на превенцијата како главен столб. Што значи тоа?

Тоа значи дека инспекцијата кога ќе дојде кај вас, нема да ве казнува веднаш, туку ќе ве опомене. Ако по втор пат го направите истиот прекршок тогаш правниот субјект ќе биде казнет , но најмногу до 50 проценти од ова што е сега. Инспекциите по 11 декември сигурно нема да бидат правени по партиски нарачки во партиски штабови туку ќе постапуваат само ако има силни докази дека некој правен субјект не работи во согласност со законот. Нема да имаме партиски нарачани казни на сите оние кои не размислуваат исто со владејачката партија и владејачката фамилија.

Ноќната мора-извршители ќе биде минато. Нема да биде можно по 11 декември компензацијата за извршената извршителска работа да биде 5 до 7 пати поголема од сумата која треба да биде извршена.Ако должите 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе 3 или 5.000 денари.

Судските казни и трошоци денеска се енормни. Тоа е една од главните пречки за граѓаните да ги остваруваат своите права. Во нашата програма стои, и тоа ќе биде реализирано како една од првите мерки на новата Влада, судските трошоци и казни нема да бидат повеќе од 20 проценти од вкупниот спор.

Како граѓаните ќе добиваат пари наместо да бидат казнувани од сопствената држава? Прва мерка е повратот на ДДВ. Во врвот на поранешната власт и партија, слушаме деновиве дека не им е јасно што значи враќање на ДДВ. Многу едноставно. Од секое платено ДДВ, 15 проценти ќе бидат вратени на тие што го платиле, освен за луксузните производи.
Втората работа, евтината тарифа која порано постоеше ќе биде вратена, и тоа значи најмалку по два часа секој работен ден и ефтина тарифа во текот на викендите. Ова е мудра казнена политика.

По 11 декември граѓаните нема да се плашат од сопствената држава. Државата нема да собира арач според политички критериуми и ќе биде праведна кон сите граѓани независно на која политичка партија припаѓаат и независно од местото на живеење. На тој начин ќе се собираат повеќе приходи и граѓаните ќе имаат чувство дека државата води сметка за нив, а не казнува за да ги пополни финансиските дупки кои самата ги направила со недомаќинското работење – вели Пендаровски.