Број на текстови објавени денес: 60

„Патувајте во САД додека уште можете“

jordan5

Авиокомпанијата од Јордан „ Ројал Јорданијан“ ја сврте во своја корист контроверзната изјава на сега веќе избраниот американски претседател Доналд Трамп, дека треба да им се забрани на муслиманите влез во земјата и направи мошне интересен слоган за реклама, кој предизвика најразлични коментари.

Една од тие контроверзни изјави на Доналд Трамп во кампањата беше дека поради тероризам, на сите муслимани треба да им се забрани влезот во САД. Авикомпанијата веќе извесен период се рекламира со слогнот „Во случај да победи, патувајте за САД додека уште можете!“.

Инаку, по ова изјава Трамп се најде на удар на критичарите, а па мораше да ја „омекне“ изјавата и да се дообјасни дека е само потребна „екстремна“ проверка!